Почетна
Facebook
ЗА НАС
Елена Лука
Елена Лука е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој диктира урбан и препознатлив моден правец, секогаш во чекор со најсвежите модни трендови, пренасочувајќи ги светските модни текови кон македонскиот пазар.

Идејата за моден бренд што ќе ги помести на едно повисоко ниво вредностите на македонската модна сцена, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период Елена Лука успешно се позиционираше на домашниот пазар, оставајќи суштински печат благодарение на професионалната и прогресивна работа на комплетниот тим што го сочинуваат инвентивни луѓе, едуцирани уметници со секогаш креативни решенија..

Квалитетни модни парчиња изработени од внимателно одбрани материјали, препознатлив богат вез, рачно изработени детали и накит, и идеи реализирани во уникатни форми-ја сочинуваат понудата на Елена Лука која ги прошири хоризонтите на македонската модна сцена.

Покрај својата редовна понуда на богат избор од коктел и вечерни тоалети, дневни и тренди креации, како и бизнис модели, Елена Лука е посветена и на изработката на уникатни венчаници, а за комплетна завршница на моделите се изработува автентичен накит по наш дизајн со што се добива впечатлив изглед. Покрај тоа изработуваме и модни додатоци за индивидуална продажба.

Елена Лука располага со сопствена служба за техничка подготовка, конструктивно и кројачко одделение, шивалница и завршно одделение-основни фази низ кои поминува изработката на секој модел, а во рамките на модната куќа функционира и дел за фризерај и шминка со што се комплетира визуелниот изглед на нашите клиенти, во име на тоа дека комплетниот имиџ покрај моделот како носечки елемент, вклучува фризура и шминка како надградба на моделот.

Покрај тоа што овој моден бренд дизајнира креации според Ваши мерки, приспособени на конкретната прилика и во хармонија со Вашиот карактер, желби и идеи, во салонот на Елена Лука се изложени голем број на готови модели.

Елена Лука активно учествува и ги поддржува модните случувања во Македонија. За дел од своите колекции како: Урбан барок и Арт колекцијата, имаше забележителна промоција на домашниот “Фешн викенд”, а за колекцијата Лајт наменета за сезоната пролет-лето 2011 година оддржа самостојна отворена модна ревија.

За тоа дека Елена Лука е креативно јадро на македонската модна сцена, сведочат и бројните телевизиски проекти, модни перформанси, соработката со личности од шоу-бизнисот, како и со креативци и уметници од различни области. Изработката на костимографија за филм, театар, како и за најразлични сценски изведби е вистински професионален предизвик на кој тимот на Елена Лука со задоволство одговара.

Лојална на своето мото “Модерни и хумани” Елена Лука покрај тоа што активно учествува и е дел од модните случувања, поддржува и организира проекти од хуманитарен карактер.

Секогаш бидете искрени кон самите себе и сите клиенти. Никогаш не ветувајте дека ќе исполните нешто за кое не сте способни. Запознајте се себе си, анализирајте ги сопствените капацитети, почитувајте ја Вашате конкуренција, бидете истрајни, учете, надоградувајте ги своите познавања, останете информирани, почитувајте ги вработените. Верувајте дека сте предодредени за успех, меѓутоа бидете самокритични. И основно: Успехот доаѓа првенствено од Вашата внатрешна убавина и капацитет, надворешната убавина е само украс на успехот. Затоа останете човек, без обзир на Вашата позиција и моќ, негувајте ги хуманите вредности, помагајте им на оние на кои им е потребна помош, секогаш поделете го успехот со другите. Само тогаш тој ќе опстане.

Со љубов,
Елена Лука