Почетна
Facebook
Галерија
Концерт на Влатко Илиевски
Инспиративниот лик на Влатко Илиевски и креативноста на Елена Лука се споија во една заедничка приказна на концертот на кој во име на празникот на виното и љубовта Влатко наздрави со својата публика. Елена Лука го стилизираше комплетниот изглед на Влатко кој е комбинација помеѓу романтични барокни елементи со рок фазонот препознатлив за него.




Костимографија за “Војвотката на чардашот”
Елена Лука одговори на уште еден креативен предизвик кој го прошири хоризонтот на нејзиниот уникатен дизајнерски израз. Станува збор за успешна соработка со Македонската опера и балет во рамките на која ја реализираше костимографијата за операта “Војвотката на чардашот”. Раскошната костимографија која е спој на елеганција, естетска совршеност и функционалност изобилува со богати материјали, интересни додатоци и автентична рачна везена доработка која го доловува духот на 20те години на минатиот век.




Фризерски салон
За комплетниот стајлинг на клиентите и соработниците, во рамките на модното студио на Елена Лука функционира и фризерски салон кој нуди комплетна и професионална услуга за Вашата коса. Континуирано се едуцираме и ги следиме најновите светски трендови на фризури, бои, форми, како и козметика за коса со цел да ги задоволиме очекувањата и да ги исполниме желбите на клиентите.




1 2 3 4 5 6 7 8 ››