Почетна
Facebook
Колекции
Fashion Force – нова колекција, есен-зима 2011/12
Идејата за уникатна, доминантна и урбана жена е пресликана во новата едиција на Елена Лука за сезоната есен-зима 2011/12 година, дизајнирана под наслов Fashion force симболизирајќи ја силата на модниот израз во креирањето на идентитетот и визуелниот печат на жената. Моќното присуство на оваа колекција е дефинирано преку строгата линија на деведесетината модели во кои се препознава благородничкиот дух од поствоениот период во 40-те години.


“Light”
Новата колекција потпишана од Елена Лука за сезоната пролет-лето 2011 е насловена “Light” со што се симболизира нејзината хармонија со пролетната свежина и летниот комфор. Дизајнерските парчиња од оваа колекција се лежерни, комотни по конструкција и пријатни во однос на изборот на материјали: памук, свила, лен,тантела... Застапени се земјените, природни бои со доминација на магијата на белата и црната во комбинација со златни детали.


Венчаници
Новата колекција на венчаници ја продолжува традицијата препознатлива за модната куќа Елена Лука: уникатен дизајн кој го надополува совршентсвото на денот на Вашата венчавка. Во изработката се користани квалитетни материјали во доминантно бела и шампањ боја со софистициран сјај,богат вез и рачно изработени детали.Формите се во согласност со тенденциите за оваа година со особена нагласеност на пониски типови на корсети.


1 2 3 ››